Ужас во Тетово: 62-годишник силувал дете кое не наполнило 15 години

Полицијата лиши од слобода 62-годишен жител на тетовско село поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 25 септември 2026 година во 21:45 часот, по претходно објавено видео на социјалните мрежи, Р.Н. (62) од тетовско село сам се пријавил во Полициската станица Тетово.
По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, мажот бил лишен од слобода поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, предвидено во член 188 од Кривичниот законик.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а надлежните институции преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
По завршувањето на постапката, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Приведени 13 лица во акцијата „Филтер“
-

СДСМ: Мицкоски нема официјални средби во Њујрок
-

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја продлабочува соработката со САД
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Бизнисот чека крај на кризата на Блискиот Исток
-

Педесет проценти од пиперките скапаа по нивите, сега цената се покачи, земјоделците очекуваат да остане така
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Преглед на вестите од светот
