Македонија
23. February 2022 - 16:47

Усвоена минимална плата од 18.000 денари

Со 90 гласа „за“  Собранието ги донесе законските измени за зголемување на минималната плата од 15 на 18 илјади денари. За повисок миминалец гласаа и пратениците на власта и пратениците на опозицијата. Сепак, народните избраници три дена потрошија во расправа на седница.

Но, усогласеноста околу минималната плата не е доволна за да се подобри функциналноста на парламентот. Власта и опозцијата се уште меѓусебно се обвинуваат кој го кочи покачувањето на платите на наставниците иако и двете страни велат дека се за тоа. СДДМ повикува да се изгласа нивниот закон.

Опозцијата веќе се изјасни дека со ова решение се партизира образованието.

Блокиран е и изборот на 4 уставни судии. Власта бара да си го поврати мнозинството во Комисијата за избори и именувања пред да се утврдат судиите, опозицијата  бара пак, спикерот Џафери итно да свика комисиска седница за ова прашање.

Опозцијата пак, денеска со ново барање - јавна расправа за цените на енергенсите.

Во собраниските процедури поради меѓусебни обвинувања и блокади заглавена е работата на 7 комисии.