Македонија
20. December 2023 - 16:34

Уставен: Од денеска не смее да се бараат податоци за националност во изводите

Од денеска од граѓаните не смее да се бараат потадоци за националност во матичните книги. Во следниот период Уставниот суд ќе оценува дали е уставно барањето граѓаните да се изјаснат за сопствената националност во изводите за родени, венчани и умрени лица.

До кончената одлука Уставен донесе времена мерка со која Управата за матични книги нема да издава изводи со графа националност. 

Според судот, припадноста кон одредена нација е приватно и внатрешно чувство на секој поединец и е негово право да одлучи дали ќе биде припадник на одредена нација, дали ќе се изјасни за сопствената националност, но и да се повика на правото да не се изјаснува за ова. Токму поради тоа е поведена постапката“, вели Христина Беловска, портпаролка на Уставниот суд.

Иницијативата за преиспитување на уставноста на графата националност во изводите во јуни годинава ја поднесе партијата Левица.

Претоходно во септември годината Уставен на сопствена иницијатива го поништи упатството за водење матични  книги донесено од министерот Лога. Образложението тогаш беше упатството е објавено надвор од уставниот рок.

Новите изводи со графа националност кои Правда ги воведе пред 6 месеци, предизвикаа бурни реакции и од граѓаниот и од ескерската јавност. Од министерството тогаш тврдеа дека упатството не се коси со законите, а Лога најави дека нема да откаже од етничките графи во изводите.