Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб

Повреден планинар успешно е спасен откако е добиена пријава преку Единствениот број за итни повици 112.
По добиената пријава, Центарот за управување со кризи-РЦУК Тетово остварило координација со СВР Тетово, ПС Маврово и ЈП Национален парк Маврово, со цел брза и ефикасна интервенција на терен.
Ренџерите од Националниот парк успешно го лоцирале повредениот планинар, кој бил во стабилна состојба, по што започнало негово безбедно спуштање кон селото Жужње каде бил преземен од екипа на Итната медицинска помош од Гостивар за понатамошен транспорт и медицински третман.
- Благодарение на брзата реакција и навремената координација на сите надлежни служби, повредениот планинар е безбедно евакуиран и во стабилна состојба, информира вечерва Центарот за управување со кризи.
МИА
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
