-->
-->
Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
-->

Шеесет и шестгодишен кумановец кој бил со коморбидитети е последниот смртен случај со западнонилска треска во државата.
Директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана денеска во изјава за медиуми рече дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника. Бил со потешка клиничка слика.
Директорот информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е со потешка клиничка слика.
- Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е од 19 септември, овој викенд - одговори директорот на новинарско прашање.
Ова е девето лице кое му подлегна на вирусот на западнонилска треска во државава.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
