Уркиза: Македонија е важен партнер на Интерпол во борбата против организираниот криминал

Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, при денешната посета на Полициската академија на МВР во Идризово, оцени дека Северна Македонија сериозно пристапува кон меѓународната полициска соработка и претставува важен партнер на организацијата.
Обраќајќи се пред кадетите и раководството на Министерството за внатрешни работи, Уркиза истакна дека Центарот за обука на МВР е значајна институција за подготовка на идните полициски службеници.
-Континуираното образование и обука ќе имаат клучна улога во вашата иднина како полициски службеници. Криминалот станува сè покомплексен, а начинот на кој полицијата се обучува и учи ќе мора да се развива во согласност со новите закани. Технологијата постојано напредува, создавајќи нови можности за криминалците во споредба со времето кога јас ја започнав мојата полициска кариера - рече Уркиза.
Тој посочи дека криминалот станува сè покомплексен поради технолошкиот напредок и растечката меѓународна димензија на криминалните активности, поради што е неопходна силна меѓународна соработка.
-Ќе се соочувате со различни јазици, различни правни системи и различни начини на работа. Убеден сум дека во тие околности ќе го препознаете Интерпол како подготвен и доверлив партнер во вашата борба. Од соработката што ја видов на вашата граница со Албанија, како и од заедничките активности со српските власти, гледам дека Македонија сериозно пристапува кон меѓународната полициска соработка. Токму тоа го прави Интерпол сè поважен во современата борба против организираниот криминал - посочи Уркиза.
Тој потсети дека од ноември 2025 година Центарот за обука на МВР е дел од Глобалната академска мрежа на Интерпол и го поздрави учеството на земјава во меѓународните операции против трговијата со луѓе и нелегалната трговија со оружје.
Обраќајќи им се на кадетите, тој порача дека полициската професија бара посветеност, но носи и чувство на исполнетост.
-Предизвиците се реални, но реални се и наградите. Можноста да направите вистинска разлика во животите на луѓето е она што ја прави оваа професија навистина посебна и вредна за секоја жртва што ја носи - истакна генералниот секретар на Интерпол.
МИА
Ново на Сител
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
-

Истрели од огнено оружје во Арачиново, повредени две лица
-

Поставена и осветена биста на Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце
-

Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица
-

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл
