Македонија
29. October 2023 - 16:37
Урбанизација и дивоградби и на планината Јабланица - еколозите бараат да се прогласи за национален парк
Планината Јабланица се соочува со претерана урбанизација. Секојдневно никнуваат викендици и куќи од страна на локалните моќници загрозувајќи и бетонирајќи го природното богатство. Многу често се гради и на државен имот за лични употреби.
Туризмолозите сметаат дека Јабланица има потенцијал за развој на еко туризам но потенцијалите не се доволно искористени.
Еколозите сметаат дека доколку Јабланица се прогласи за национален парк на тој начин ќе запре уништувањето на шумите и узурпацијата на земјиштето преку изградбата на дивоградби.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
