Македонија
13. јуни 2022 - 12:19

УНЕСКО: Охрид мора да се зачува

Потребна е поголема заштита на вредното културно наследство во Охрид. Наместо модернизација на стариот дел од градот неопходно е да се зачува автентичноста. Забелешките на УНЕСКО се ригорозни за жителите кои живеат под Самоиловата тврдина се бара да ги отстранат соларните панели, сателитските антени, сончевите колектори, што се однесува пак до бројните цркви, манастири, архитектурата и просторот околу нив да ги задржи оние природни материјали за да не се изгуби естетиката.

Конзерваторот и мозаичар Упевче вели дека недоволно се посветува внимание на она што се гради и од каков материјал се обновува.

За охридскиот регион да не се најде на листата загрозени подрачја под закрилата на УНЕСКО треба да има спој меѓу современиот живот и заштитата на културно историското богатство.