Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија

Украина учествуваше на вежбите на НАТО „Балтичка доверба 2026“, одржани од 3 до 14 август во Летонија, а се фокусираа на борбени операции против беспилотни летала, објави денеска на Телеграм Генералштабот на украинската армија.
Тие маневри собраа околу 650 војници, експерти и претставници од индустријата од 24 земји за да ги тестираат новите технологии во услови слични на оние што се среќаваат на теренот во Украина.
Учесниците тестираа комплексен систем против беспилотни летала што им овозможува на системите за откривање дронови, системите за команда и контрола и уредите за неутрализација да споделуваат податоци и да го координираат нивниот одговор.
ГШ на украинската армија соопшти дека вежбите биле наменети за евалуација на технологиите во оперативни услови, идентификување на нивните ограничувања и подобрување на нивната интеграција со цел зајакнување на колективните одбранбени способности.
MИА
Ново на Сител
-

Teма на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Четврти смртен случај од западнонилска треска – На Инфективна хоспитализирани и помлади лица
-

Страшна и тажна слика во мариовско Чаниште, изгореа над 15 куќи и објекти, пожарот се уште гори
-

Сиљановска-Давкова: Македонската Армија е високо организирана формација
-

Maкедонската дипломатија доаѓа на координација во Скопје
-

Почнаа уписите на УКИМ
-

Марихуаната ја декларирале како перници, јоргани и тортички – Двајца Македонци осудени во случајот со 5 тони дрога
-

Земјоделците произведуваат поскапо, а продаваат поевтино, покажаа податоците на Државна статистика
