УХМР: Најмногу врнежи во Гевгелија, денеска сончево и топло со температура до 34 степени

Најмногу врнежи во изминатите 24 часа до 8 часот се измерени во Гевгелија 17 литри на метар квадратен, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Според податоците на УХМР, 14 литри на метар квадратен се измерени во Демир Капија, 6 во Берово, додека по 3 литри на метар квадратен се регистрирани во Попова Шапка, Маврови Анови и Крушево. Два литра на метар квадратен се измерени во Тополчани, а по еден литар во Радовиш Пожар, Прилеп, Претор и Виница.
Од УХМР појаснуваат дека дадените вредности се добиени од дождомерните места и дека поради локалниот карактер на врнежите, количеството воден талог може значително да варира, при што на одделни места тоа може да биде и поголемо од измереното.
За денеска се најавува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец со брзина до 40 километри на час, особено во источните делови од земјава. Максималната температура ќе се движи од 26 до 34 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец, а дневната температура ќе достигне до 31 степен.
МИА
Ново на Сител
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
