УХМР најавува стабилно време, власта чека општините да завршат со проценка на штетите
Водостоите се стабилизирани и засега нема страв од нови поплави летово. Управата за хидрометеорошки работи предвидува дека во наредниот период времето ќе биде стабилно, без поголеми дождови.
Од УХМР велат дека направиле се што можат за да се спречат поголеми штети од реките.
-Навремено ги најавивме, предупредивме за нив и тоа е еден од начините како да се справиме и заштитиме од нивното штетно дејство. Навременоата најава и предупредување кои што ние го направивме преку мониторинг од хидрометеоролошките и метеоролошките станици низ земјата, велат од УХМР.
Според УХМР, дождовите се сепак добредојдени за полнење на хидро акумулациите.
-Мислам дека овие дождови придонесоа до подобрување на хидролошката состојба во земјата, со исклучок на овие неповолни појави и локални излевања кои се забележаа во изминатите денови.
Засега нема проценка на штетите од поплавите. Општините ќе мора да ја утврдат штетата на терен и записниците да ги пратат до владата.
Во текот на викендот повеќе реки се излеаја речиси низ цела држава. Најкритично беше кај Тетово, Крива Паланка и Облешево, но по стабилизирање на времето се намали и нивото на водата.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
