Македонија
12. August 2026 - 12:16

УХМР најавува невреме: Пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен град

Утре и во петок, особено во попладневните часови, на места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално временските процеси ќе бидат поинтензивни и ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град.

Поради нестабилноста, температурата ќе опадне за неколку степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и постепен пад на температурата.

Според најавата на УХМР, по нестабилниот период се очекува постепено стабилизирање на времето.