-->
-->
УХМР издаде метеоаларм за невреме со град и ветер над 60 km/h
-->
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метеоаларм, предупредувајќи дека денеска низ земјава се очекува нестабилно време со повремени врнежи од дожд и локална нестабилност.
Според прогнозата, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе се создадат услови за невреме проследено со појава на град.
Ќе дува умерен северен ветер, додека долж Повардарието повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина поголема од 60 километри на час.
Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни при престој на отворено и да ги следат најновите временски информации поради можноста за брзи промени на временските услови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
