УЕФА парично ја казни Шкендија за транспаренти со неспортска содржина

Европската фудбалска федерација (УЕФА) парично ја казни Шкендија во износ од 20.000 евра поради истакнување транспаренти што се спротивни на спортскиот дух, за време на минатонеделниот натпревар во Скопје против Шелбурн во рамки на второто коло од главната фаза во Конференциската лига.
Тетовскиот клуб соопшти вечерва дека официјално го примил решението од Дисциплинското, етичкото и контролното тело на УЕФА, во врска со истакнувањето транспаренти кои, според проценките на европската куќа на фудбалот, не биле во согласност со спортскиот дух.
На Шкендија ѝ е изречена парична казна во висина од 20.000 евра, а воедно се наложува и делумно затворање на стадионот за следниот натпревар од европските купови на кој Шкендија ќе биде домаќин.
Санкцијата околу делумното затворање на стадионот е условна и ќе стапи на сила доколку на домашните натпревари на Шкендија во следните две години се повторат слични прекршувања на регулативите и етичките норми на УЕФА.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
