УЕФА ќе го тужи Инфантино

УЕФА ќе поднесе тужба против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за „нелојално управување“ поврзано со неговиот неуспешен план да продаде дел од комерцијалните права на мундијалските турнири на приватни инвеститори.
Раководното тело на европскиот фудбал оценува дека Инфантино „предизвикал директна и конкретна штета на угледот на ФИФА“ со својот неуспешен проект.
Во документ од 60 страници, до кој дојде агенцијата АФП, а пренесуваат дел од светските медиуми, УЕФА посочува дека има намера да го тужи Инфантино за „нелојално управување“, кривично дело казниво со затвор до пет години.
УЕФА го темели својот случај на планот на Инфантино да ги пласира приходите од Светското првенство во компанија отворена за приватни инвеститори, што ФИФА го откри кон крајот на јули како начин да го „отклучи комерцијалниот потенцијал“ на своето водечко натпреварување.
УЕФА во овој план гледа „всушност обид дизајниран да им овозможи на Инфантино“ и „мал круг блиски соработници“ – вклучувајќи го и Џошуа Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп – „да стекнат траен удел и да профитираат од највредните средства на ФИФА, на штета на ФИФА, нејзините членови и други засегнати страни во фудбалското семејство“.
Во своето барање, европското тело се потпира особено на критиките од Карлос Кордеиро, инвестициски банкар кој стана советник на Џани Инфантино, кој поднесе оставка откако го опиша договорот како „лош договор за фудбалот“.
МИА
Ново на Сител
-

43 заразени со западнонилска треска, вирусот првпат потврден во Центар и Чаир и кај мртов гарван во Скопје
-

Мицкоски: Абази го спаси Филипче, но предметот може повторно да биде отворен
-

Казните од Безбеден град странските државјани може да ги плаќаат електронски
-

Охридско лето – 40 дена фестивалска магија
-

Хаварисаните и нерегистрирани возила во Штип под инспекциска лупа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
