Македонија
3. September 2026 - 14:00

Уапсена скопјанка: Подолг период ја малтретирала 13-годишната ќерка и ја држела заклучена во соба

Четириесет и петгодишна жена од Скопје е уапсена под сомнение дека подолг период психички и физички ја малтретирала својата 13-годишна ќерка, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, денеска (3 септември) во 02:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 45-годишната Х.Ѓ. од Скопје.

Полицијата постапила по претходна пријава според која жената во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба подолг период психички и физички ја малтретирала својата 13-годишна ќерка. Според пријавата, мајката често го држела девојчето заклучено во една од собите во домот.

За случајот биле известени јавен обвинител, инспектор за малолетници и Центарот за социјални работи.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ново на Сител