Уапсена скопјанка: Подолг период ја малтретирала 13-годишната ќерка и ја држела заклучена во соба

Четириесет и петгодишна жена од Скопје е уапсена под сомнение дека подолг период психички и физички ја малтретирала својата 13-годишна ќерка, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, денеска (3 септември) во 02:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 45-годишната Х.Ѓ. од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава според која жената во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба подолг период психички и физички ја малтретирала својата 13-годишна ќерка. Според пријавата, мајката често го држела девојчето заклучено во една од собите во домот.
За случајот биле известени јавен обвинител, инспектор за малолетници и Центарот за социјални работи.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Градски воз од 1 септември од Зелениково до Скопје
-

Лишени од слобода три лица во Гостивар, пронајдена марихуана
-

Невреме и во Чешиново-Облешево, надлежните служби на терен ги санираат штетите
-

Најмалку 750 мртви во поплавите и лизгањето на земјиштето во Непал
-

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Македонија напаѓа четири злата: Велков, Смилевски, Велески и Бабоски денес во финале
-

Со надчовечки напори на пожарникарите изгаснат голем пожар над Дебар
-

Родригез: Договорот за нафта со САД ќе биде во сила 25 години
