-->
-->
Уапсен возачот што удри 13-годишен велосипедист во Скопје
-->
Дваесетгодишен возач е лишен од слобода откако вчера во Скопје со автомобил удрил во 13-годишен велосипедист, кој се здобил со тешки телесни повреди.
Според информациите од МВР, несреќата се случила на 14 мај околу 16:10 часот на улицата „Коце Металец“ во Скопје, кога патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.П.(20) од Скопје, удрило во велосипед управуван од 13-годишник.
Малолетникот со тешки повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а возачот бил лишен од слобода согласно член 300 од Кривичниот законик. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинери
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
