Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник

На 14.05.2026 на подрачјето Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Е.И.(26) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од Кривичниот законик.
Имено, на 13.05.2026 во полициска станица, 61-годишен скопјанец пријавил дека во периодот од 09.05. до 13.05.2026 на мобилна апликација на негов број добивал пораки од едно лице кое го уценувало и барало од него да му исплати 8.000 евра, во спротивно за него ќе објавел компромитирачки фотографии, видео материјали и разговори.
Како што е пријавено, тој со лицето договорил да му даде 4.000 евра и го договорил местото и времето на примопредавање на парите, по што пријавил во полициска станица и му биле дадени крим-технички обработени пари.
Откако лицето ги земало парите со ковертот било забележано од полициски службеници и било лишено од слобода, по што било утврдено дека станува збор за Е.И. од Скопје. При лишувањето тој турнал полициска службеничка, која се здобила со повреди и се обидел да побегне, но бил фатен и приведен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца
-

Најсвежо на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
-

Трамп го пофали кинескиот претседател како „голем лидер“, рече дека му е чест што го има за свој пријател
-

Сиљановска-Давкова ја обновува практиката на отворени канцеларии на Претседателот
-

Бројот на странски туристи до март годинава зголемен за 6.9 %
-

Поранешниот венецуелански лидер Николас Мадуро затворската ќелија во САД ја дели со уште 18 затвореници
-

Еден загинат и најмалку 30 лица повредени во руски напад на Киев
-

Без струја улици во Гази Баба и Ѓорче Петров
