Македонија
17. May 2026 - 16:32
Туристите од Германија најбројни
Охрид останува атрактивна дестинација за посетителите. Ги има од сите краеви ширум светот но најбројни според последните податоци на статистика се Германците, веднаш зад нив туристите од Турција, Франција и Србија.
Групи на туристи се почесто може да се забележат како се шетаат низ чаршијата, стариот дел на градот покрај кејот но и оние кои пловат по Охридското езеро.
Иако има покачување на цените на прошетките со бројните пловила сепак интересот кај туристите не изостанува.
Инаку во периодот јануари-март оваа година во однос на истиот период од претходната вкупниот број на туристите е зголемен за 5,2 посто, односно кај домашните има зголемување за 1,3, додека кај странските за 6,9 посто.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
