Македонија
31. December 2022 - 16:40

Туристите од Балканот најбројни во Охрид

Охрид одбројува до Новата година .Градот празнично украсен и исполнет со гости наликува на прав туристички центар.Оние кои што одлучија Новогодишните празниците да ги дочекаат на брегот на езерото воодушевени од понудата и природните убавини.

-Многу примамлива дестинација прво бевме во Скопје ова е факултативен излет многу луѓе се пријавија ,слушнавме дека е поубав од Скопје така што Хрватите се многу заинтересирани за посета во Охрид

-За прв пат сме во Охрид многу е убаво иако сме навикнати на Јадранско море и ова не е лошо  многу е убаво само што дојдовме и одиме на напрвиме еден круг низ градот

-Тука бев кога бев матурант а сега сум кај една пријателка од Куманово бев кај неа на гости и сега сме во еден хотел за дочекот на Нова година

-Од Лесковац сум го одбрав Охрид затоа што е преубаво место и многу Срби доаѓаат тука

-Мене ми се допаѓа затоа што сите го одбраа ова место сите срби доаѓаат тука ова е популарна дестинација

Охрид останува атрактивна дестинација за туристите .

И покрај тешката економска состојба, градот и оваа година подготвен ги пречекува домашните и странските гости.

-Многу Е примемаливо еве не нас од 140 ,120 се пријавија за Охрид така што голем процент на луѓе се интересираат за Охрид кој е  една интересна приказна секогаш па затоа лушето се интересираат.

Дочек ќе има во хотелите ,кафулињата , рестораните и ноќните клубови а весело се очекува да биде и на градскиот плоштад каде со домашни естрадни уметници охриѓани и бројните гости ќе ја испратат старата година и ќе си го честитаат доаѓањето на Новата година.