Македонија
30. December 2023 - 16:31

Туристичките центри полни за Нова година

Дојран ќе биде полн за празниците. Според проценките на локалната самоуправа,  новогодишните и Божиќните праници во овој туристички центар ќе ги поминат околу 10. 000 туристи. И оваа година организиран дочек нема да има, освен забавата која општината неколку години по ред ја приредува за најмладите. Но,  затоа понудата во градот е богата поради што сите расположливи капацитети веќе се резервирани.

И годинава најбројни се домашните гости, но најавени се туристи и од странство, претежно од соседните Србија Бугарија и Грција. Најголемиот дел од нив тука престојуваат само за новогодишниот викенд.

Освен угостителските објекти, веќе традиционално за време на празниците во Дојран полни се и апартманите, но и приватните викенд куќи.