Туристичката сезона во полн ек
Сезоната во Охрид и Струга во полн ек. Најбројни долж ривиерата се туристите од Холандија, Полска, Турција и соседните земји. Високите температури ги наполнија плажите, а раздвиженост има и по чаршијата и крајбрежјето. Хотелиерите задоволни од посетеноста и исполнетоста на капацитетите после две тешки години на пандемија, рестрикции и ограничувања велат се раздвижи туристичкиот пазар.
Бројните светски промоции на градот и подобрувањето на понудата значително го зголемија бројот на туристите долж Охридското Езеро. Агенцијата за туризам очекува 400 милиони долари приходи од туризмот оваа година.
Со поскапувањето на горивото се покачија и цените на пловидбите по езерото но сепак истите сеуште се привлечни и барани од страна на посетителите бидејќи се нуди една поинаква глетка на градот.
Туристичките работници се надеваат на успешна туристичка сезона покрај хотелските капацитети,голем број на резервации има и во приватното сместување.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
