Турција побара од УЕФА и ФИФА да го суспендираат Израел

Турција официјално стана првата членка на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) која јавно повика на суспензија на Израел од меѓународниот фудбал, оценувајќи ја ситуацијата во Газа како „нехумана и неприфатлива“.
Агенцијата Анадолија јави дека претседателот на Фудбалската асоцијација на Турција, Ибрахим Хаџиосманоглу, испратил во петокот писмо до лидерите на светскиот фудбал, пред седницата на Извршниот комитет на УЕФА следната недела, на која би можело да се гласа за евентуална суспензија на Израел.
„Сега е време ФИФА и УЕФА да дејствуваат. И покрај тоа што се позиционираат како бранители на граѓанските вредности и мирот, спортскиот свет и фудбалските институции долго време молчат“, наведува Хаџиосманоглу во писмото.
Американскиот Стејт департмент во четврток објави дека ќе работи на спречување на каков и да е обид за исклучување на Израел од Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е близок до организаторите на Светското првенство и претседателот на САД, Доналд Трамп, и се чини малку веројатно дека би поддржал суспензија на Израел.
Израел се натпреварува во квалификациите за Светското првенство, а следниот натпревар ќе го игра во Осло на 11 октомври.
МИА
Ново на Сител
-

Предложен притвор за гостиварчанецот кој силуваше 14-годишно девојче
-

Чернобил - 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот
-

Трамп: Овој напад нема да ме одврати од војната во Иран
-

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари
-

Сончево со локална облачност
-

Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
-

Лажна била дојавата за бомба во „City Mall“
-

Арагчи: Останува да се види дали САД се сериозни во дипломатијата
