-->
-->
Тројца приведени кај Блаце за криумчарење стока од Косово, одземени две возила | ФОТО
-->

На 31.07.2026 околу 23:00 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, постапувајќи по Оперативен план за спречување, откривање и фаќање на лица кои вршат криумчарење преку државната граница, на подрачјето на с. Блаце, поточно на граничната линија помеѓу с. Блаце и Хани Елезит, од слобода ги лишија Н.Б.(27), Х.Б. (26) и Е.Џ. (21), сите од с.Блаце.
Тие биле затекнати додека товарале криумчарена стока нелегално внесена од Косово во товарно возило „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „хјундаи“ без регистарски ознаки. Возилата и стоката се одземени, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
