-->
-->
Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-->
Тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна несреќа што вчера околу 13:00 часот се случила на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје.
Според информациите од МВР, во несреќата учествувале автомобил „МГ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 29-годишниот М.М. од Кичево, и „шкода“, сопственост на МВР, управувана од 31-годишниот Н.Ѓ. од Скопје.
Во судирот со телесни повреди се здобиле возачот на службеното возило и неговите сопатници Т.Џ.(35) од Батинци и П.Т.(35) од Скопје, сите полициски службеници.
Повредите им биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прилеп има градинка, но нема негувателки
-

Штип ги стипендира најуспешните млади ученици спортисти
-

Охрид и Струга со потенцијал за конгресен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Потребни се тешки компромиси за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Ѓорѓи Паскалов, педијатар
-

Три лица осомничени за криминал од 2 милиони евра со регистрација на возила
-

СДСМ: Историско задолжување
