Тројца македонски државјани загинаа, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Словенија

Тројца државјани на Македонија загинаа во судир помеѓу автомобил и запрен камион, додека двајца други се повредени, во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на приморскиот автопат близу Унец, во Словенија.
Според првичните сознанија, несреќата се случила кога поради дефект, камионот застанал во просторот за запирање, а возачот на автомобилот удрил во задниот лев дел од приколката од, засега непозната причина.
Во моментот на несреќата во автомобилот имало пет лица, сите државјани на Македонија. Лекарот ја потврдил смртта на три лица на самото место. Едно тешко повредено лице е пренесено во болница со хеликоптер, додека повредениот возач е пренесен со амбулантно возило.
Како што информираат од Словенечки Автомото, несреќата била пријавена во 16:28 часот. Веднаш биле испратени неколку полициски патроли, а интервенирале и пожарникари.
Извршен бил увид од државен обвинител и истражен судија. Се очекува полицијата да објави повеќе информации за сообраќајната несреќа, по истражните дејствија.
МИА
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Градиме посилен систем на ревизија и контрола на јавните средства
-

ПСЖ повторно се спаси од пораз во Лига 1
-

Русија и Украина ги интензивираат меѓусебните напади
-

ДЗС: Отстранети гранати од минатите војни во атарот на село Мегленци во Новаци - предел што бил зафатен од пожар
-

Муцунски од Израел: Директна авиолинија Тел Авив–Скопје или Охрид, унапредување на соработката во туризмот
-

ЦУК: Пет пожари активни, еден под контрола
-

Бројот на жртвите во поплавите во Непал се искачи над 600
-

Зеленски се закани дека ќе ја нападне Русија со 1.000 дронови дневно
