-->
-->
Три лица вдишале чад, откако бил опожарен автомобил во подземна гаража
-->

Три лица вдишале чад откако бил опожарен автомобил во подземна гаража во Куманово, соопшти денеска полицијата.
Пожарот се случил на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово на паркирано возило „смарт брабус“ со швајцарски регистарски ознаки. Неколку лица кои вдишале чад биле пренесени во Ургентниот центар-Куманово за укажување на лекарска помош.
-Кај нас примени беа три лица, по укажаната медицинска помош се пуштени дома-соопштија од општа Кумановската болница.
Пожарот го изгасила Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Лани, според евиденцијата на СВР Куманово биле опожарени осумнаесет возила.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
