Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот

Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ според член 300 срав 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ од член 301 став 1 од Кривичниот законик.
Како што информира ОЈО, осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал автомобил „сеат алтеа“ по улицата „Радишанска“. На крстосницата со улица „18“, на која сообраќајот не е регулиран со знаци, свртел во лево без да ги пропушти возилата кои доаѓале од спротивна насока. На тој начин го пресекол патот на мотоцикл „кавасаки“ кој од спротивната страна на крстосницата го задржувал правецот на движење. За да избегне директен судар со автомобилот, мотоциклистот отишол во лево, преминувајќи на коловозната лента наменета за движење возила во спротивна насока. Но, таму со предниот дел од моторот удрил директно во автомобил „алфа ромео“ кој доаѓал од спротивната страна. Од силата на ударот мотоциклистот Никола Макрачевски излетал, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди од кои починал, а полесно бил повреден и возачот на автомобилот „алфа ромео“, соопшти ОЈО.
Осомничениот, наместо да укаже помош на повредените, по несреќата го напуштил местото.
Со цел обезбедување на лицето во текот на постапката, јавниот обвинител предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува во Судот, привремено одземање на патната исправа и одземање на возачката дозвола.
Ново на Сител
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
-

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
-

МВР: Вкупно 115 санкции за непрописно престигнување на територија на цела држава
-

АХВ: Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење
-

Камп Фест викендов во Преспа
