Трчањето во зима е корисно

Кога ќе дојде зимата и температурите ќе паднат, трчањето не е привлечно за многу луѓе, но познавачите тврдат дека тоа може да има многу придобивки. Имено, се наведува дека трчањето на студ е пополезно и поздраво за телото отколку на топло време, а некои од придобивките вклучуваат и борба против „зимската тага“, како и согорување повеќе калории, објави „Кликс“.
Иако телото се загрева при трчање, лекарите посочуваат дека престојот на ниски температури може да стимулира една специфична термогенеза, или зголемување на метаболизмот, што се постигнува со активирање на посебно ткиво – одговорно за согорување калории. Исто така, еуфоричната состојба што ја чувствуваат тркачите по истрчани неколку километри, се јавува поради ослободување на ендорфини и ендоканабиноиди, кои го намалуваат стресот и го потикнуваат чувството на среќа. Ова чувство се јавува без оглед на сезоната, а во зимските месеци може дури и да има и поделотворно дејство.
Изложеноста на студ донекаде му помага на телото да се привикне на ладното, што постепено ќе го намали стресниот одговор на телото на зимските временски услови.
Кога трчате во зима, важно е да се облекуваме слоевито, бидејќи тоа го штити телото, преку непречено движење и дишење. Лекарите истакнуваат дека памучните маички не се најдобра опција бидејќи ја впиваат потта, што всушност го разладува телото непотребно. Исто така е важно да носите ракавици или поткошула, бидејќи студот најмногу се чувствува на екстремитетите.
МИА
Ново на Сител
-

Два големи земјотреси регистрирани во Венецуела
-

ФЗОМ ќе го презентира извештајот за потрошувачката на лекови во периодот 2023–2025
-

На 106. собраниска седница донесени неколку закони во второ читање
-

Температури до 38 степени, попладне можно локално невреме
-

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец
-

Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-

Туск: Можеби е подобро што Зеленски поради војната со ордените не доаѓа утре во Гдањск
-

ЦУК: Еден пожар активен, еден ставен под контрола, седум изгаснати
