Трамп за денеска планира телефонски разговор со Путин, а потоа и со Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се очекува да оствари телефонски разговори со претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, по враќањето на американските пратеници од нивната дипломатска мисија во Москва и Киев, пренесува весникот „Киев Индипендент“.
Американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер вчера се сретнаа со Зеленски во Киев, еден ден откако во Кремљ одржаа повеќе од тричасовни разговори со Путин. Двете страни ги опишаа средбите како „важни“ и „суштински“, но засега нема официјални индикации за значителен напредок во преговорите за завршување на конфликтот.
По средбата во Киев, Зеленски изјави дека очекува „војната да продолжи“ во текот на целата зима, нагласувајќи дека Украина силно смета на најавениот американски пакет помош за зимскиот период, заштита на енергетскиот сектор и испорака на системи за противвоздушна одбрана „Патриот“. Разговорите се фокусирале и на долгорочните безбедносни и економски гаранции.
За време на преговорите се разговараше и за идни средби меѓу САД, Украина и европските партнери, како и за евентуален трилатерален формат меѓу Вашингтон, Киев и Москва, но засега не се прецизирани датум и место на нивното одржување.
МИА
Ново на Сител
-

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) победи на покраинските избори во Саксонија-Анхалт
-

Пукање во Скопје: Убиен 25-годишен маж
-

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
-

Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ се урна на аеродром во САД | ВИДЕО
-

Трамп предлага сојузната држава Њу Мексико да се вика „Нова Америка“
-

Денеска ќе биде погребан Ратко Младиќ
-

Сончево и топло со температура до 35 степени
-

Николоски: Македонскиот авиосообраќај руши рекорди, оваа година ќе сме блиску до четири милиони патници
