Трамп во Белата куќа ќе ги прими Нетанјаху и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Вашингтон ќе се сретне со премиерот на Израел и со претседателот на Украина. Бенјамин Нетанјаху и Володимир Зеленски ќе присуствуваат на комеморацијата на починатиот американски сенатор Линдзи Греам.
Тоа ќе биде прва средба Трамп – Нетанјаху од почетокот на војната на Блиски Исток.
– Ова средба е голема чест, но и голема одговорност. Ќе разговараме за сите теми … но пред сè за Иран. Нашата цел, секако, е да се гарантира нашата безбедност, но и да се прошири кругот на мирот околу нас, изјави вчера Нетанјаху.
Предвидено е Трамп и Нетанјаху да разговараат и за рамковниот договор помеѓу Израел и Либан, како и за ситуацијата во Појасот Газа.
Додека Зеленски ќе побара од Трамп поддршка за војната со Русија, додека дипломатските напори на САД за завршување на војната се во застој. Зеленски на претходната средба во Вашингтон, во октомври 2025 година не успеа да го убеди Трамп да и испорача крстосувачки ракети „Томахавк“ на Украина.
Ново на Сител
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
