-->
-->
Трамп верува дека е можен дипломатски договор меѓу САД и Куба
-->

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изрази уверување дека може да се постигне дипломатски договор со Куба.
На прашање од новинарите во Белата куќа за можноста за договор со Хавана, американскиот претседател одговори потврдно.
– Мислам дека да. Куба нè повикува. Ним им е потребна помош. Сепак, Куба е пропадната држава. На Куба ѝ треба помош и ние ќе ѝ помогнеме – истакна Трамп пред медиумите.
Трамп претходно ги оцени комунистичките власти на островот како корумпирани и некомпетентни и отворено инсистираше на „смена на режимот“ во земјата.
Од друга страна, кубанскиот претседател Мигел Дијас-Канел вчера најостро ја осуди актуелната политика на САД кон неговата земја, оценувајќи ја како „неморална, нелегална и криминална“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
