Трамп вели дека Кушнер и Виткоф одат во странство за да разговараат за мир во Украина

Американскиот специјален претставник Стив Виткоф и Џаред Кушнер патуваат во странство за да разговараат за мировен договор меѓу Русија и Украина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
Зборувајќи во Овалната соба, американскиот лидер навести дека Вашингтон има конкретен предлог за завршување на војната, која влезе во својата петта година. Сепак, тој не прецизираше дали Кушнер и Виткоф ќе ја посетат Украина, Русија или и двете.
Порано вчера, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека двајцата ќе пристигнат во Украина в недела по посетата на Москва.
„Имаме идеја за мир…Ги испратив Стив Виткоф и Џаред Кушнер, двајца прекрасни преговарачи. Тие завршија одлична работа и ги испративме да видат дали можеме да постигнеме нешто. И можеби има добри шанси“, изјави Трамп.
Двајцата планираа да патуваат во Москва подоцна оваа недела, а потоа да го посетат Киев, изјавија извори претходно за американски медиуми. Но, во изминатите денови се појави нова динамика околу патувањето, а делот што се однесува на посетата на украинскиот главен град се уште не е сосема сигурен, рече еден од изворите.
МИА
Ново на Сител
-

„Нешто што ќе остане по четвртипат“ – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музика
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Mаѓар не мислеше на Mакедонија
-

Нови комунални возила
-

Избран изведувач за затворање на депонијата Буково
-

Пожарот во лакавичко изгаснат, но остануваат последиците
-

Преглед на вестите од светот
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
