Трамп: САД ќе побараат од Европа да ги надомести трошоците за воената помош за Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека ќе побара од европските држави да им ги надоместат на САД трошоците за воената помош и муницијата испратени претходно во Украина во контекст на војната со Русија која сè уште трае.
Во објава на социјалните мрежи, Трамп остро ги критикуваше и ги демантираше извештаите за значително исцрпените резерви на муниција на САД во услови на посебната војна во Иран, додавајќи дека САД го зголемуваат производството и акумулираат резерви муниција.
„Ние, САД, ги задржуваме за себе наместо да ги продаваме на други, но продажбата кон сојузниците наскоро повторно ќе почне“, напиша Трамп. „На Украина и НАТО им беа дадени бесплатно стотици милијарди долари, за кои Европа би платила – доколку само беше побарано од нив, но ние ќе ги побараме тие пари, иако со извесно задоцнување!“, истакна тој, обвинувајќи ја администрацијата на својот претходник од Демократската партија, Џо Бајден.
Минатиот месец некои светски агенции објавија дека американската армија потрошила голем дел од своите резерви на високопрецизни ракети со долг дострел за време на војната со Иран, што предизвика загриженост во врска со подготвеноста на армијата за идни конфликти.
МИА
Ново на Сител
-

43 заразени со западнонилска треска, вирусот првпат потврден во Центар и Чаир и кај мртов гарван во Скопје
-

Мицкоски: Абази го спаси Филипче, но предметот може повторно да биде отворен
-

Казните од Безбеден град странските државјани може да ги плаќаат електронски
-

Охридско лето – 40 дена фестивалска магија
-

Хаварисаните и нерегистрирани возила во Штип под инспекциска лупа
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
