Трамп: Путин сака договор за завршување на војната во Украина

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва изјави дека на почетокот на оваа недела имал „одличен“ разговор со рускиот претседател Владимир Путин и дека рускиот лидер сака да постигне договор за завршување на војната во Украина.
„Тој сака да постигне договор, а ако (украинскиот претседател Володимир) Зеленски сака да постигне договор, тоа би било многу добро“, им рече Трамп на новинарите пред да се качи на авионот „Ер Форс Уан“ за Далас на Националната конвенција на Републиканците.
Трамп вчера телефонски разговараше со Путин, кратко време откако специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, се вратија од дипломатска посета на Москва и Киев.
Двајцата, кои ги водат повеќето од клучните мировни разговори во САД, разговараа за можни предлози за завршување на војната.
Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, минатиот месец се сретна со руски разузнавачки претставници во Москва, меѓу другото за да ги повика да ја завршат војната.
„Застојот го предизвикуваат двајца луѓе кои се мразат едни со други“, им рече Трамп на новинарите, алудирајќи на Путин и Зеленски, додавајќи дека смета оти тоа е проблемот повеќе од сè друго.
МИА
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
