Трамп: Приказните за американски 300 милијарди долари за Иран се лажни вести

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли тврдењата дека Вашингтон обезбедува финансиска помош за Иран, оценувајќи ги извештаите за повеќемилијарден фонд за обнова како „лажни вести“, објавија Ен-Би-Си Њуз (NBC News) и „Фајненшл тајмс“ (Financial Times).
„Приказната дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари е лажна вест“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушал“ (Truth Social).
Иако го спомена износот од 300 милијарди долари, остана нејасно дали со тоа директно ги демантира изјавите на други претставници на администрацијата и медиумските извештаи за можен фонд во ист износ.
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс појасни дека евентуалниот фонд од 300 милијарди долари би бил финансиран од регионалните сојузници, а не од американските даночни обврзници.
– Ниту еден цент од тие пари нема да дојде од САД – изјави Венс за Ен-Би-Си Њуз.
Тој додаде дека арапските држави од Персискиот Залив би можеле да инвестираат само доколку Техеран создаде услови погодни за инвестиции и почне да се однесува како „нормална држава“.
Висок американски функционер претходно потврди дека фондот бил дел од дипломатските разговори, но дека секој финансиски напредок ќе биде строго условен од конкретни резултати.
Според „Фајненшл тајмс“, воспоставувањето на фондот е поврзано со конечниот договор кој би вклучувал продолжување на примирјето за 60 дена и целосно повторно отворање на Ормуската Теснина. Истиот извор наведува дека средствата најверојатно би се управувале преку рамка за приватни компании заинтересирани за иранскиот пазар, а не како директна помош од една држава кон друга.
Висок претставник на американската администрација изјави дека целосниот текст на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран ќе биде јавно објавен во следните 24 до 48 часа.
– Меморандумот ќе биде јавно достапен. Еден од нашите главни принципи во овој процес е целосна транспарентност – изјави функционерот.
Ново на Сител
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
