Трамп предлага сојузната држава Њу Мексико да се вика „Нова Америка“

По езерото, протокот и заливот, Доналд Трамп предложи да биде преименувана и една американска сојузна држава, односно Њу Мексико да стане „Нова Америка“.
„Многу луѓе предложија да го промениме името на Њу Мексико во НОВА АМЕРИКА“, напиша републиканскиот претседател на својата социјална мрежа Трут соушл. „Тоа е толку попрестижно и поубаво за жителите на оваа сојузна држава, која има неверојатен потенцијал. Леле, го обожавам тоа!!!“, додаде тој.
Неговиот предлог, кој веднаш беше одбиен од гувернерката на сојузната држава, доаѓа неколку дена откако Трамп потпиша указ за преименување на езерото Онтарио (во североисточниот дел на САД) во езеро „Америка“, во контекст на трговската војна со соседна Канада.
Белата куќа сподели слика од профилот на Доналд Трамп на Трут соушл, на која делот „Мексико“ од името на сојузната држава е заменет со „Америка“.
Според американските медиуми, идејата произлегла од интернет-шега.
Гувернерката на Њу Мексико, демократката Мишел Гришам, изјави за телевизијата „Фокс њуз“ дека името „не подлежи на дискусија; тоа е наше од многу пред создавањето на САД“. Таа додаде дека претседателот се обидува да „го одвлече вниманието на Американците“ од проблемите како што е наглото поскапување на бензинот.
Минатата недела Доналд Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Проток Трамп“.
Во јануари 2025 година, на самиот почеток од својот втор мандат, тој го преименува и Мексиканскиот Залив во „Американски Залив“ – одлука што беше оспорена од Мексико.
Канада исто така ја отфрли иницијативата за преименување на езерото Онтарио, кое се наоѓа на границата меѓу двете земји.
МИА
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме
-

Застанале со мотор и пукале кон петмина, МВР со детали за убиството
-

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, закажано ново рочиште во Кривичниот суд
-

Удрил во банкина и починал на лице место - мотоциклист загина кај Крива Паланка
-

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) победи на покраинските избори во Саксонија-Анхалт
-

Пукање во Скопје: Убиен 25-годишен маж
-

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
-

Пет лица загинаа откако карго-авион на „Амазон“ се урна на аеродром во САД | ВИДЕО
