-->
-->
Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-->

Сите мини во меѓународните води на Ормуска Теснина се активирани или отстранети и на Иран му е соопштено дека секој брод или чамец што ќе поставува нови мини ќе биде уништен, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.
Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп напиша дека САД преку Вселенските сили го набљудуваат секој сантиметар од Ормуска Теснина.
„Ќе има политика на нулта толеранција кон поставувањето мини, која ќе се спроведува со целосна сила и ефикасност“, додаде американскиот претседател.
Иако САД и Иран веќе неколку недели не разменуваат напади, нападите врз бродови во Ормуска Теснина продолжуваат додека двете земји се борат за контрола врз клучниот поморски коридор.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ШКЛ - од денес до 30-ти јули, Штип во знакот на културата
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
