Трамп: Не брзам да постигнам договор со Иран, Нетанјаху ќе го прави она што ќе го побарам

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не брза со постигнување договор со Иран и порача дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „ќе направи сè што ќе се побара од него“ кога станува збор за евентуални воени потези кон Иран.
Одговарајќи на прашања на новинарите, Трамп рече дека има добар однос со Нетанјаху и дека очекува целосна усогласеност на ставовите.
– Тој ќе направи сè што сакам. Тој е многу добар човек, и не заборавајте дека беше премиер во воен период – рече Трамп.
На прашањето дали е подготвен за ограничен договор со Иран кој би вклучувал отворање на Ормуската Теснина и продолжување на прекинот на огнот, Трамп рече дека „не брза“ да постигне договор. Тој додаде дека, според него, би било пожелно да се избегнат човечки жртви, но дека сите опции и понатаму се на маса.
Трамп оцени и дека ситуацијата во Иран е затегната поради лошите економски услови и незадоволството на граѓаните, додавајќи дека „постои многу бес во земјата“.
Зборувајќи за споредбата со долготрајните американски воени ангажмани во минатото, Трамп наведе дека актуелниот процес околу Иран е значително пократок и дека трае само неколку месеци.
– Во Иран сме три месеци, а во поголемиот дел од времето имаме прекин на огнот – рече американскиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-

Инзаги ќе го напушти Ал-Хилал
-

Артета по победата над Барнли: Вие навивачите сте душата на клубот
-

Доналд Трамп: Постои „добра шанса“ за нуклеарен договор со Иран по одложувањето на нападот
-

Во Собранието ќе заседаваат осум комисии
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана
-

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд
-

Македонија ќе биде домаќин на состанокот „Брдо-Бриони“ во октомври
-

УХМР: Утре пороен дожд, грмежи и локално невреме
