Трамп: Наскоро конечна одлука за договорот со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро ќе донесе конечна одлука за можен договор со Иран и наведе голем број услови за негово постигнување, вклучувајќи го трајното откажување на Техеран од нуклеарно оружје и целосното отворање на Ормуската теснина за меѓународен превоз.
- Иран мора да се согласи дека никогаш нема да има нуклеарно оружје или нуклеарна бомба, напиша Доналд Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл.
Тој додаде дека Ормуската теснина мора веднаш да се отвори за неограничен бродски сообраќај во двата правци и без никакви такси. Трамп потврди дека Иран ќе ги отстрани преостанатите подводни мини во областа и дека американската поморска блокада ќе биде укината.
- Бродовите што беа заробени во теснината поради нашата неверојатна и невидена поморска блокада, која сега ќе биде укината, можат да тргнат дома. Поздравете ги вашите сопруги, сопрузи, родители и семејства од мене, вашиот омилен претседател, напиша Трамп.
Зборувајќи за иранската нуклеарна програма, Трамп изјави дека САД, во соработка со Кина, Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), ќе го уништат збогатениот нуклеарен материјал за кој тврди дека се наоѓа длабоко под земја.
Тој додаде дека според предложениот договор, нема да има финансиски трансфери меѓу двете страни.
- Нема да се разменуваат пари до понатамошно известување. Во моментов одам на состанок за да донесам конечна одлука, рече американскиот претседател.
МИА
Ново на Сител
-

Истекува мандатот на Абази, оглас за избор во август
-

Се шират жариштата на овчата сипаница на истокот
-

За неполн месец спасени 10 давеници
-

Седум ЕУ држави се спротивставија на Мерц, нудат нов план за целосно членство на Западен Балкан
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ и пратеничка
-

Преглед на вестите од светот
-

Оставка на уставниот судија Гоце Наумовски
-

Кавги во Собранието поради законот за правична застапеност - ДУИ бара веднаш да се гласа
