-->
-->
Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини
-->

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека САД ја сметаат Канада за одговорна за пожарите што ги загадуваат американските градови и најави дека по тој повод ќе го повика канадскиот премиер Марк Карни.
Тој исто така додаде дека „трошоците од тоа загадување без одложување мора да бидат вклучени во царините“ кои Канада моментално ги плаќа во трговијата со САД.
„Ја сметаме Канада за одговорна за неадекватно одржување на нејзините шуми и грмушки, поради што загадениот и нездрав воздух, чиј квалитет е опасен и целосно неприфатлив, струи во САД без никаква потреба!“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут Соушл.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
-

Пожарот кај селото Бајково и понатаму активен, но под контрола
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
