-->
-->
Трамп: Иран нема никакви шанси
-->

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека Иран нема и никогаш немал никакви шанси.
– Тие го знаат тоа. Ми го кажуваат тоа кога разговарам со нив, а потоа излегуваат на телевизија и тврдат колку одлично им оди, наведе Трамп.
Тој повтори дека САД ги уништиле иранските воени капацитети, морнарицата, авијацијата и раководството.
– Не можеме да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје … Тоа се болни луѓе и нема да дозволиме лудаци да имаат нуклеарно оружје, истакна Трамп.
Тој одговарајќи на новинарско прашање за иранската економија посочи дека се надева оти пропаѓа, а американските санкции ги оцени како огромни и одлични.
Трамп наведе дека е подготвен дополнително да ја дестабилизира иранската економија бидејќи сака да победи.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Власта брза на избори
-

Преговори за бесплатен роаминг
-

Регионална конференција на сметководители во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Народната банка со нови прогнози за инфлацијата, можно зголемување на каматите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Елена Јованова - Грујовска, директорка на Институтот „Крсте Мисирков“
