Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика Израел, Хезболах и „другите страни“ да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за постигнување мир во регионот.
„Нападот врз Бејрут утрово не требаше да се случи, особено на посебен ден кога сме толку блиску до мировен договор со Иран. Израел има право да се брани од закани, но нападот на кој реагираше беше многу мал и бесмислен, никој не беше повреден, или убиен, и не треба да го наруши овој важен процес“, напиша Трамп на Трут Соушл.
„Многу сме блиску до договор што ќе донесе мир во регионот, вклучително и во Либан, и сите страни треба да се повлечат. Не треба да има повеќе напади од страна на Израел никаде во Либан, но исто така не треба да има повеќе напади од која било друга страна, вклучително и Хезболах, против Израел. Ова би можело да биде почеток на долг и прекрасен мир – да не го расипеме!“, истакна Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
-

Прилепските бизнисмени: Санација на Прилеп-Градско преку Плетвар и измени на боледувањата и дел од царинскиот тарифник
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
