Трамп: ФИФА ќе направи ужасна грешка ако го замени Инфантино

Претседателот на САД, Доналд Трамп, верува дека Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) би направила грешка ако го замени својот претседател, Џани Инфантино.
– ФИФА би направила ужасна грешка ако, од која било причина го замени претседателот Џани Инфантино. Тој е фантастичен, штотуку го организираше најуспешното Светско првенство во историјата, четири пати поголемо од сите претходни Светски првенства. Ако си оди, Мундијалот никогаш повеќе нема да биде толку успешен или профитабилен – напиша Трамп на социјалните мрежи.
Инфантино претходно се соочи со критики откако неговиот план за привлекување приватни инвестиции во компанијата што требаше да управува со натпреварите на ФИФА, вклучувајќи го и Светското првенство, и продажба на удели на инвеститори не успеа.
Дополнително, според „Телеграф“, Унијата на европски фудбалски асоцијации (УЕФА) размислува за истрага за однесувањето на Инфантино за време на неговите 16 години во организацијата по откритијата во врска со плаќањата на неговата наводна љубовница.
МИА
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
