Трамп евакуиран по пукање на новинарска вечера во Вашингтон – едно лице повредено
Вооружен маж со пушка и ножеви влегол во лобито пред гала вечера за новинари во Вашингтон, на која присуствувале и Доналд Трамп и повеќе високи американски функционери. Агентите на Тајната служба брзо реагирале, го совладале и го привеле напаѓачот, додека Трамп бил итно евакуиран и останал неповреден.
За време на инцидентот, дел од гостите се засолниле под масите, а некои сведоци изјавиле дека слушнале истрели во близина на големата подземна сала во хотелот Вашингтон Хилтон, каде што се одржувал настанот.
Според информации од службите, напаѓачот отворил оган, при што бил погоден припадник на обезбедувањето. Сепак, поради панцирот, неговата состојба е стабилна и не се очекуваат потешки последици.
Осомничениот, кого Трамп го опишал како „болна личност“, е идентификуван како Кол Томас Ален (31) од Калифорнија.
Два часа по настанот, Трамп се обрати од Белата куќа, истакнувајќи дека ваквите напади често се насочени кон влијателни личности и дека според првичните информации, напаѓачот најверојатно делувал сам.
Градоначалничката на Вашингтон, Мјуриел Баузер, изјави дека засега нема индиции за други вмешани лица и дека нема непосредна опасност за јавноста.
Сите лица под заштита на Тајната служба биле евакуирани, меѓу кои и потпретседателот Џеј-Ди Венс, министерот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио.
Државниот обвинител Тод Бланш најави поднесување обвиненија, додека директорот на Федерално истражно биро потврди дека се анализираат оружјето и чаурите пронајдени на местото на настанот.
Ново на Сител
-

ФИФА ќе го зголеми наградниот фонд за Мундијалот 2026
-

Јокиќ казнет со 50 илјади долари
-

Отстранети 95 непрописно паркирани возила во Центар за една недела
-

Променливо време со дожд, грмежи и заладување
-

Грант од 500.000 евра за УГД - Штип, училиштето „Кочо Рацин“ од Свети Николе и три компании
-

Јане Ченто ќе ја тужи поранешната обвинителка Вилма Русковска, најави вистинска правда за 27 април
-

Повторно дојави за бомби во Загреб, во тек евакуација на основни и средни училишта
-

Скопската вода за пиење е безбедна, потврдуваат анализите
