Трамп: Борејќи се со Иран, ги заштитуваме Израел, Блискиот Исток и западните земји

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД се борат против Иран за да ги заштитат Израел, Блискиот Исток и Западот од потенцијални закани и истакна дека Израел нема причина за грижа бидејќи тој ќе се грижи за нив.
Трамп изјави дека САД се соочуваат со Иран за да ги заштитат Израел, Блискиот Исток и западните земји од потенцијални напади.
„Го правиме ова за да му помогнеме на Блискиот Исток. Го правиме ова за да му помогнеме на Израел. Го правиме ова за да си помогнеме себеси, бидејќи ако не бевме ние, откако ќе го уништат Израел, што би биле многу среќни да го сторат, а потоа и Блискиот Исток, ќе ја нападнат Европа и некои од нашите градови“, рече Трамп.
Тој нагласи дека САД „постигнуваат многу добар напредок“ во конфликтот со Иран. Трамп претходно ја увери израелската јавност за најновата ескалација на конфликтот со Техеран.
„Израел не треба да се грижи. Знаете зошто? Бидејќи јас сум претседател и ќе се грижам за Израел“, изјави тој за израелската телевизиска станица КАН.
МИА
Ново на Сител
-

Објавување на конечните ранг-листи за примени студенти на факултетите на УКИМ
-

ЦУК: До 7:30 часот 31 пожар на отворен простор, четири се активни, а три под контрола
-

Бројот на исчезнати лица по поплавите во Хималаите се искачи над 1.300
-

Пет собраниски комисии, ќе ги разгледуваат правосудните извештаи, стратегиите за безбедност и кадровските прашања
-

Едно лице загина, 10 се повредени откако автомобил удри во група луѓе во францускиот град Кан
-

Топло со умерена локална облачност, попладне неcтабилно
-

Мерц најави крај на рецесијата: Германската економија влегува во фаза на засилен раст
-

Двајца од осомничените за планираното палење фабрика за дронови во Словачка се Летонци, а третиот е Украинец
