Трагедија на патот Охрид-Кичево: Удрил во глутница кучиња, автомобилот се запалил – возачот загина

Возач го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случила на магистралниот пат Охрид-Кичево, откако автомобилот со кој управувал удрил во кучиња скитници, а потоа во металните браници покрај патот и се запалил.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во СВР Охрид во 23:30 часот. Станува збор за автомобил „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки.
По ударот во кучињата, возилото удрило и во металните браници на патот, по што избувнал пожар.
На местото интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, која го изгаснала пожарот. Во изгореното возило било пронајдено телото на починатиот возач.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Судска медицина за обдукција и утврдување на идентитетот.
Увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Охрид. Додека траел увидот, сообраќајот на магистралниот пат бил пренасочен преку регионалниот пат Охрид-Струга.
Ново на Сител
-

Проневерени над 2,2 милиони евра преку регистрација на возила, МВР со детали за акцијата
-

Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
-

Сообраќајот со градскиот воз се одвива редовно, вчерашниот привремен прекин беше поради невремето
-

Трагедија на патот Охрид-Кичево: Удрил во глутница кучиња, автомобилот се запалил – возачот загина
-

Легендарната Лада Нива не се предава: Новиот модел пристигна во продажба за околу 12.000 евра
-

Снуп Дог нуди работа од соништата: 10.000 долари месечно за да јадете сладолед – потребен е само пасош
-

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
