Тошковски: Од првиот ден ja презедовме обврската безбедноста да биде највисок приоритет

Од првиот ден ја презедовме обврската безбедноста да биде највисок приритет. Изминатите две години се соочивме со бројни безбедносни предизвици, но покажавме дека со посветеност, интегритет и меѓународна соработка, може да се постигнат видливи резултати, рече утрово министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тошковски, кој дава отчет за сработеното во изминатите две години, напомена дека МВР ги зајакна институционалните капацитети и ја унапреди борбата против организираниот криминал и корупцијата.
- Инвестиравме во опрема, обуки и нови технологиии. Денешниот отчет не е само изнесување бројки, туку е фактичка потврда за трудот и професионалноста на полициските службеници и сите вработени во МВР. Свесен сум дека пред нас има уште многу работа, безбедноста е процес што бара многу посветеност. Затоа, ќе породолжиме со иста енергија, јасна визија и определба да изградиме современо МВР кое ќе одговори предизвиците, потенцира Тошковски.
Министерот Тошковски дава отчет за сработеното во Центарот за обука во Идризово.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
-

За болни од западно-нилска треска ќе треба и дополнителен третман по излегувањето од Инфективна
-

Дизелот надмина 101 денар, растат цените и на бензините
-

Превозниците во понеделник ќе протестираат пред дирекцијата на ЕУ
-

Лидерот на СДСМ обвини дека ПЕТ Центарот повторно не работи
-

СДСМ постави услов за Левица
