Тоалетна хартија, крема за брчки и кромид меѓу најразочарувачките божиќни подароци

Кромид, пилешко за вегани, тоалетна хартија, инсекти – се спомнати во годинашно испитување како најлошите подароци што луѓето велат дека некогаш ги добиле… Притоа, секој четврти вели дека добил несакан божиќен подарок минатата година.
Поточно, дури 24 отсто од анкетираните луѓе добиле барем еден подарок што го оценуваат како непожелен или несоодветен. На прашањето – што направиле со несаканиот подарок, речиси тројца од 10 (27 отсто) одговориле дека или го дале некому или се со таква намера, еден од седум (14 отсто) го продале или сакаат да го продадат на интернет, а 8 отсто го вратиле или имаат намера да го вратат подарокот. Истражувањето е спроведено низ Велика Британија во јануари оваа 2023 година, од Истражувачката агенција „Опиниум“.
Помалку популарни начини за ослободување од несоодветните подароци се фрлање в ѓубре (5 отсто) и враќање на лицето кое го подарило (три отсто).
Меѓу подарените несакани нешта, наведени се и тоалетна хартија, мушичка, скршена играчка, вреќа кромид, а една жена од сопругот добила и крема против брчки… Натаму, еден испитаник рекол и дека добил чоколадо од татко сѝ, иако бил интолерантен на млеко. А веган, пак, посочил дека добил „мртво пиле“ од пријателот – месар.
Истражувачите и познавачите советуваат секогаш да му се остави простор и можност на оној кому му е наменет подарокот – да може да го врати, без разлика дали се работи за мува или купен предмет што може да се замени во продавница.
Ново на Сител
-

СП 2026: Една жртва во прославата по пласманот на Франција во полуфиналето
-

Проширена истрагата за ботоксите, осомничени уште четири лица
-

Мицкоски: Владата подготвува мерки за поддршка на млекопроизводителите, ќе се заострат критериумите за увоз на млеко во прав
-

Во Драч уапсени двајца припадници на криминалната група „Беланоца“
-

Авион на „Рајанер“ принудно се врати во Солун поради дефект на моторот додека летал над Македонија
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
